Повредени се 14 мигранти во сообраќајка, возачот заработи кривична за криумчарење

by Фокус

Четиринаесет мигранти се повредени ноќеска околу полноќ, откако комбето со кое се превезувале излетало од патот кога возачот се обидел да избега од полициска патрола.

На регионалниот пат Велес- Градско полициски службеници го забележале возилото и се обиделе да го запрат за да извршат контрола, а возачот кога ја забележал полициската патрола ја зголемил брзината и се обидел да избега. При тоа тој излетал од патот и удрил во столб од подвозник, информираше СВР Велес.

Дваесетгодишниот возач на комбето бил задржан во полициска станица во Велес и му била поднесена кривична пријава. Тој во текот на денов ќе биде изведен пред јавен обвинител, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Странските државјани ќе бидат пренесени во Прифатниот центар за странци на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости