627
Љубе Бошкоски утре би можел да биде пуштен од затворот во Идризово, доколку директорот на затворот потпише негов отпуст на 90 дена пред истекување на казната. Сепак, директорот Живко Пејковски, кој има дискреционо право да одлучи дали ќе го направи тоа, не ја соопштува својата одлука. Тој рече дека вчера ќе даде изјава по ова прашање, но тоа не го стори.
Сопартијците и пријателите на Бошкоски и за денеска закажаа простест пред затворот во Идризово, затоа што се сомневаат дека се вршат притисоци врз директорот Пејковски да не го потпише решението за отпуст.