СДСМ предлага финансирање на МРТ од Буџет и укинување на радиодифузната такса

by Фокус

Опозициската СДСМ побара измени во Законот  за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои бара укинување на радиодифузната такса, а МРТ да се финансира директно од Буџетот на државата. Според нивниот предлог, МРТ годишно би добивала 0,5 отсто од државниот буџет.

Во образложението на пратеничката група на СДСМ се вели дека преку наплатата на радиодифузната такса наместо да се подобрува јавниот сервис и да биде поприфатлив за граѓаните, тој постојано се менува на штета на корисниците.

Доколку се прифати овој предлог на СДСМ, МРТ од годинешниот буџет би добила 885 милиони денари.

 

Поврзани новости