Владиката Петар денеска децидно изјави дека одлуката за прекрстување, превенчавање и препогребување на верниците во Австралија останува да важи. Тој појасни дека мртвите само ќе се препејуваат.
-Никаде не е кажано дека ќе има откопување на мртвите, не манипулирајте со тие изрази. Ние кажуваме дека треба да се извршат опела. Опела се вршат и на луѓе за кои тела немаме, рече владиката Петар.
Ваквата одлука дојде откако Синодот расчини 6 од вкупно 12 владици во црковните општини во Австралија, па сега за МПЦ не се валидни нивните досегашни обреди. Според МПЦ, владиците биле непослушници и сакале да формираат цркава во црква во Австралија, но и се наведуваат примери како абортус на нивните поранешни венчани или невенчани жени.
За Здружението на Македонците во Австралија оваа одлука е неоснована и нестварлива и тие сметаат дека владиката Петар ова го прави од лични причини.