520
Амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија по две одложувања, денеска треба да го објават извештајот за тоа дали се исполнети условите за да има избори на 24 април. Овој извештај амбасадорите ќе му го предадат на техничкиот премиер Емил Димитриев.
ПлусИнфо дознава дека САД и Европската Унија ќе оценат дека нема услови за фер и демократски избори на 24 април и ќе препорачаат дополнителни 6 недели за прочистување на избирачкиот список. Ова би значело дека пречистениот избирачки список би бил затворен некаде околу 15 арпил, а изборите би се одржале на 5 јуни.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска го повтори Илија Димовски, е дека избори ќе има на 24 април, додека СДСМ бара тие да се одложат додека не се создадат услови.