Во 14:30 часот извештајот ќе му биде предаден на премиерот Димитриев

by Фокус

Извештајот со оценка од ЕУ и САД за тоа дали се исполнети условите за фер и демократски избори на 24 април, во 14:30 часот ќе му биде предаден на техничкиот премиер Емил Димитриев.

Потоа, американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли и заменикот на евроамбасадорот Аиво Орав извештајот и оценката на меѓународната заедница ќе ги презентираат пред медиумите и јавноста.

Поврзани новости