Лидерите на четирите големи партии во земјава продолжуваат со преговори во рамки на изборните измени.
Уште денес е можно да биде решено ова прашање и да биде донесен договор, а биску до финален договор се прашањето за составот, мандатот и ингеренциите на Државната изборна комисија, додека според Дојче Веле партиите се далеку од договор за прочистувањето или создавањето нов избирачки список, за измена на дел од изборната регулатива или за гласањето на дијаспората.
-Бевме замолени да направиме една мала презентација поврзана со активна регистрација. Концептот е веднаш потоа ја напуштаме просторијата, а партиите продолжуваат со разговорите. Нашата задача е конструктивно како ресурс и како експертиза да помогнеме да се најде решение што ќе влее доверба во овој процес, изјави извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.
Активната регистрација во предизборниот процес секој гласач самиот да се пријави за гласање. Не е решено дали тоа ќе биде задолжително.
Денеска ќе има средба во 15 часот кога би требало да се затвори делот за избирачкиот список, ингеренциите на ДИК и гласањето на дијаспората.
Во фокусот на утрешните разговори ќе се најде законската рамка за специјалниот обвинител!