Јужна Кореја во понеделникот го потврди првиот случај на новиот коронавирус кој се појави во Кина, објави Центарот за контрола и превенција на болестите KCDC во Сеул.
Пациентот е 35-годишна жена, жителка на кинескиот град Вухан, која во неделата пристигнала во јужнокорејскиот меѓународен аеродром Инчеон, се наведува во соопштението на KCDC. Изолирана е при пристигнувањето во Јужна Кореја со симптоми кои вклучуваат и висока температура.
„Пациентката за која станува збор е изолирана во карантин и нема можноста за пошироко изложување на заразата. Лицата кои дошле во конакт со заболената, вклучително и патниците и членовите на екипажот на авионот, се подвргнати на испитувања“, соопштија јужнокорејските здравствени власти.
Потврдено е дека повеќе од 200 луѓе се заболени од новиот сој коронавирус во централниот кинески град Вухан, а забележани се и да случаи на Тајланд и еден во Јапонија. Досега тројца од заболените починало, што ги поттикна страувањата од ширење на болеста надвор од Кина.
Пациоентката на јужнокорејските здравствени власти им кажала дека во саботата почувствувала симптоми како што е зголемена темпертира, тресна и болки во мускулите, како и дека во болницата во Вухан добила лекови.
По утврдувањето на првиот случај од новиот коронавирус во земјата, јужнокорејскиот центар за превенција и лекување на болестите го зголеми нивото на тревога поврзано со болеста на нивото коешто пропишува „претпазливост“ и продолжување на следењето на ситуацијата. Градовите и регионалните влади во Јужна Кореја ќе воспостават итен карантински систем 24 часа дневно, вклучително и во текот на празниците на лунарната нова година којашто започнува во текот на оваа седмица.
Кина претходно во понеделникот извести дека изминатиот викенд регистрирала 139 нови случаи на воспаление на белите дробови поврзани со новиот вид коронавирус и дека три лица досега ѝ подлегнале на болеста, при што податоците покажуваат дека вирусот се проширил и на главниот град Пекинг. Тамошните здравствени власти потведија два нови случаи забоелни од новиот коронавирус во Шензен, а во покраината Гуандонг еден. Тоа значи дека болеста се проширила надвор од градот Вухан, каде што восаботата и неделата се регистрирани 136 нови случаи.