Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина среднорочен и долгорочен пакет помош во вредност од 2,3 милијарди долари, чија испорака ќе започне оваа година, најави јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Тае-Јол за време на состанокот на земјите-партнери во НАТО од Индо-пацифичкиот регион, објавија украинските медиуми.
Покрај тоа, Сеул ќе даде 12 милиони долари за рехабилитација на ранетите украински војници преку Фондот на НАТО за помош на Украина.
На состанокот присуствуваа и претставници на земјите-партнери на НАТО од Индо-пацифичкиот регион, вклучително и Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.
Највисокиот дипломат на Јужна Кореја рече дека поддршката на Северна Кореја за вооружувањето на Русија влијае не само на безбедноста на Европа, туку и на Корејскиот Полуостров и на Индо-пацифичкиот регион.
Холандската министерка за одбрана, Каиса Олонгрен, пак, изјави дека Холандија ќе и обезбеди на Украина вкупно 24 борбени авиони Ф-16.
-Севкупно, на Украина ќе и обезбедиме 24 борбени авиони Ф-16. Тие ќе и бидат предадени на Украина штом се е подготвено. Овој момент зависи од обуката на украинските пилоти и техничари, како и, се разбира, од инфраструктурата – нагласи Олонгрен.
Според неа, овој трансфер е заеднички напор со Украина, како и со Данска, САД и други земји.