Бочварски: Возачите можат да поминуваат низ македонските и српските патарини без да застануваат

by Фокус

Ја активиравме електронската и бесконтактна наплата на патарините (М-таг и М-кард) и на првата патарина од Коридор 8, односно наплатната станица Глумово, автопат Скопје – Тетово. Следува воведување на системот и на втората патарина на автопатот Скопје – Тетово, истакна Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

-Ова се придобивките од иницијативата Отворен Балкан кои во делот на патарините за прв пат станаа достапни во јуни 2023 година со воведување на заедничкиот интегриран систем за електронската наплата на патарина меѓу Северна Македонија и Србија.

Граѓаните, возачите можат да поминуваат низ македонските и српските патарини без да застануваат – рампите се креваат автоматски штом се доближи возилото, а наплатата оди електронски. М-Таг и М-Кард може да се набават на наплатните станици на ЈПДП.

Најавувам соработка и со Грција, со што во текот на следната година со таг од Северна Македонија ќе може непречено и без застанување да се поминува и низ патарините во Грција – порача тој.

Поврзани новости