1.2K
Хрватски „Јутарњи лист“ пренесе детали од апсењето на осомничените за убиството на ракометарот Дениз Тот. Според нивните извори од полицијата, осомничената Клементина Левковска по апсењето цело време се смеела и не покажувала каење.
-Таа само се смееше, како да сме ја уапсиле за кражба на литар мастика во продавница, а не за насилна смрт, раскажал извор запознаен со истрагата за убиството на играчот на скопскиот РК Бутел.
„Јутарњи лист“ пишува дека Привилиџ во Скопје е познат како фолк клуб во кој одат млади и дека не е можно во тоа време освен учесници и сведоци на влезот, никој да не поминувал од паркингот до влезот во дискотеката и шеталиштето покрај Вардар и ништо не видел.