Јутарњи: Хрватски активист стана државен непријател во Македонија

by Fokus

Марко Греговиќ од Хрватска кој е стручњак за онлајн кампањи и активист, на својот Фејсбук иронично објави дека сега има нова животна мисија: станал професионален револуционер и државен непријател. Грегориќ откри како инбоксот му е полн со навреди и закани откако во македонската ТВ емисија на водителот Васко Ефтов бил претставен како комбинација од Че Гевара и Џејмс Бонд, како шпион во мисија за создавање револуции во Украина, Романија, Србија и Македонија.

Овие незгодни квалификации и јавни објави дека е државен непријател поврзан со британската тајна служба ги заслужи со посетата на Скопје на која одржал предавање за предностите и начините на развивање „crowdfunding“, кампањи, пишува Јутарњи лист.

Во Македонија бил пред еден месец на повик на невладината Lead и говорел за тоа како е корисно за невладините организации преку кампањи да се обидат да соберат финансиски средства кои ќе ги употребат за одредена цел од јавен карактер.

„Каква чест“, се шегува Марко Греговиќ и вели дека прозивиките и инсинуациите можеби звучат како шега, лоша шега, но признава дека „веројатно со такви конструкции кои може да ти го загорчат животот не би му било сеедно да живее во Македонија“.

Хрватскиот весник иронично пишува дека овој наводен „британски шпион“ на домашната јавност и е познат во помалку опасно издание. Според физичкиот изглед и би можел да пројде како еден филмски Џејмс Бонд, но тука завршува секоја случност со шпионите. Греговиќ е познат по организирање на низа кампањи, од кои најпозната е онаа за Буба Бара – првиот кафе бар во Хрватска кој вработува луѓе со Даунов синдром, или пак кампањата СТЕМИ – посветена на мал роб со светска мисија, или пак кампања за вработување на младите во Бангладеш, па се до кампањи за поддршка на деца без адекватна родителска грижа. Во Босна и Херцеговина соработувал со организации за заштита на природата додека во Украина со велосипедски здруженија на кои им пренесувал искуства за акции со кои се промовира одење на работа со велосипед.

Греговиќ вели дека како активист е лесна места за вакви лажни конструкции.

„Тие конструкции се сулуди, не ја познавам добро македонската ситуација за тоа да можам рационално да го објаснам. Но ако се поверува дека Македонија преку социјалните мрежи активно учествуваше во носењето на Трамп на власт, тогаш таа конструкција не е за потценување. Видов како македонското општество е длабоко поделено, можеби и повеќе од хрватското: на една страна се тврдокорните конзервативци, на другата либералите и прогресивците. Мене за среќа ме ставиле во втората категорија, а таа автоматски добива антидржавен наратив и епитет на соросови платеници, странски непријател, човек кој прави дестабилизација. Власта негува култура на лага која потоа се пренесува во медиумите – во тој свет невладините организации и активистите се доживуваат како опасност на таа машинерија која сака статус кво за моќниците. Македонците не ме исплашија. Но да го доживеев тоа овде во Хрватска, ќе беше вистинска катастрофа, вели Греговиќ.

Поврзани новости