РСБСП апелира внимателно да се вози за празниците

by Fokus 11:15
11:15

Водејќи се од минатогодишните искуства, кога за време на празници и продолжени викенди значително се зголемува интензитетот на сообраќајот, а со тоа и бројот на сообраќајни незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, до сите учесници во сообраќајот, апелира да се вози одговорно.

„Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, поставената сообраќајна сигнализација, и посебно внимавајте на патните правци каде што има можност од одрони или се вршат градежни работи на пат, не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол, макар и со испиена една чашка-две и почитувајте ги правилата за ограничување на брзината

- Advertisements -

Да не дозволиме спокојството и мирот од овие прекрасни празници да се претворат во нечија семејна трагедија само како последица на нечија грешка, погрешна одлука, нетрпеливост, непромисленост, желба за докажување, итн“, велат од РСБСП.

Тие упатуваат посебен апел до младите возачи, како најранлива категорија учесници во сообраќајот, трезвено и одговорно да учествуваат во сообраќајот бидејќи само така ќе пристигнат безбедно на саканата десинација.

„Праксата покажува дека за продолжените викенди сообраќајниот метеж го отежнува возењето, но бидете толерантни и трпеливи, не престигнувајте непрописно, држете безбедно растојание и избегнувајте слалом возење“, велат оттаму.

Поврзани новости