406
Пратеникот во Германскиот парламент и долгогодишен синдикалец, Јосип Јуратовиќ денеска им порача на македонските синдикати дека мораат да дејствуваат обединето и поорганизирано за да ги заштитат работничките права.
-Ако синдикатите на први мај не организираат протести или паради, тоа е исто како црквата да не го слави Божик, рече Јуратовиќ и додаде дека во земјите кои се полни со патриотизам, тој патриотизам толку далеку стигнува што половина луѓе би ја напуштиле оваа земја кога би можеле.
Јуратовиќ истакна дека многу време се губи со неважни прашања, а младите во Македонија се во катастрофална ситуација, без каква било перспектива.