Јуратовиќ: Посетата на Груевски беше грешка на Меркел

by fokus

Христијанско-демократската унија направи грешка што го покани поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Берлин во пресрет на изборите во Македонија, вели во разговор за „Дојче Веле”, пратеникот на германските социјалдемократи и член на парламентарната Комисија за надворешна политика, Јосип Јуратовиќ.

Официјален Берлин одлучи да се држи понастрана од случувањата во Македонија во периодот додека се кова новата владина коалиција. Резервираноста, според пратеникот Јуратовиќ, не се должи на незаинтересираност, туку на ставот дека „Берлин не сака да спроведува диктат“.

Јуратовиќ вели дека Груевски успеал да стигне до кабинетот на Меркел и да разговара со некој од нејзините пониски советници. Но, и тоа го толкува како грешка на канцеларката.

-Мислам дека беше погрешно што ЦДУ му организираше посета на Груевски на Германија во пресрет на изборите. Тоа се погрешни сигнали“, вели социјалдемократот. Сега само се надева дека во земјата нема да се повтори истата состојба како пред изборите – вели Јуратовиќ за „Дојче Веле”.

 

Поврзани новости