Нието: Мексико не верува во ѕидови!

by fokus

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието ја откажа посетата на Вашингтон, планирана за 31 јануари, на која требаше да се сретне со новиот претседател на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа.

Ова следува, откако вчера Трамп го потпиша указот и нареди изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико. Освен тоа, Трамп побара трошоците за изградбата на ѕидот да ги плати Мексико.

-Мексико не верува во ѕидови. Неколкупати кажав дека Мексико нема да плати за ѕидот- напиша претходно Пења Нието на „Твитер“

Изградбата на ѕид на границата со Мексико, беше едно од главните ветуваа на Трамп во предизборието, а како што вели, тоа треба да го спречи незаконско влегување во САД од Мексико.

Поврзани новости