539
Престедателот на Европската Комисија, Жан КЛод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз изјави дека Европската Унија не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името, пренесе МИА.
– Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија да изнајдат решение за прашањето за името, ангажирани се во преговори, ние не треба да интервенираме, вели Јункер.
Тој одби да одговори и на прашањето на новинарката за тоа дали е оправдано барањето на Грција, Македонија да го менува Уставот.