394
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе ги посети земјите од Западен Балкан од 25 февруари до 1 март.
Како што пренесува МИА, посетата на претседателот на Западен Балкан е најавена уште минатата година.
По посетата на комесарот за проширување на Европска унија Јоханес Хан, кој вчера беше во Србија, а денеска во Црна Гора, во земјите од Западен Балкан доаѓа и Јункер. Неговата посета се толкува како дел од напорите на ЕУ за промоција и поддршка на процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан.