Фабриката за феролегури „Југохром“ од Јегуновце ќе ги исклучи двете печки од 31 декември се до крајот на февруари. Како што велат од фабриката, ваквата одлука ја донеле доброволно, поради големото загадување во Тетово. Сепак, велат дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку, најголемиот загадувач.
Имајќи слух за моменталната ситуација со загадувањето во Тетово, иако менаџментот на фабриката е на ставот дека „Југохром“ во стечај не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот, донесе одлука за доброволно исклучување на двете печки кои се во функција, односно целосно затворање на производствениот капацитет. Прекинувањето на производството ќе трае од 31 декември до крајот на февруари следната година, кога, впрочем, и меторолошките услови најмногу влијаат на загадувањето на воздухот, се вели во соопштението на „Југохром“.
Управата на „Југохром“ информираше дека иако печките нама да работат, ќе продолжат сите планирани и договорени активности за имплементирање на еколошките стандарди и воведување на системот за отпрашување.