„Југо“ излета од патот кај Кичево, загина 56-годишен сопатник

by Fokus

На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (40) од с. Вранештица, Кичевско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Поврзани новости