Јубилеен Шри Чинмој маратон во Скопје

by Fokus

На 14-ти октомври во Скопје ќе се одржи јубилејниот, дваесетти Шри Чинмој маратон на себенадминување.

Настанот ќе се случува во Градски парк, со почеток од девет часот за маратонот, и полумаратон од десет часот.

-Првиот бран на пријавување трае од 10.09.2018 (Понеделник) до 27.09,2018 во 23:59 часот. Котизација за двете трки за првиот бран изнесува 450ден. Во првиот бран може да се купи и dry-fit маичка со лого и мото на трката по цена од 350ден. Цената на котизацијата во вториот бран на пријавување за двете трки за периодот од 28.09.2018 до 09.10.2018 изнесува 500 денари. Регистрацијата завршува на 09.10.2018 во 23:59 часот. Учесниците кои не биле во можност да се пријават онлајн, ќе може да се пријават пред старт на трките најдоцна 1 час пред почеток. Пријави подоцна од ова, нема да се примаат. Бројот на пријави е ограничен – информира организаторот на настанот, Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје.

Пријавувањето е преку интернет страницата http://www.smartrace.club/

Во рамките на настанот ќе се одржи и Државното првенство на Македонија во Полумаратон, 21км.

Учесниците на државното првенство ќе може да се пријават единствено преку Атлетската Федерација на Македонија. Право на учество имаат сениори и сениорки, регистрирани атлетичари во АФМ, родени 1999 и постари со задолжителен лекарски преглед не постар од 30дена. Котизацијата ја покрива АФМ.

Поврзани новости