ЈСП не почекаа да дојде утре, уште денес во 16 часот ги вклучија апаратите и го наплаќаат превозот

by Fokus

Иако од Град Скопје најавија дека од утре прекинуваат да важат мерките против загадувањето на воздухот, меѓу кои и бесплатниот превоз, ЈСП не почекаа да помине ниту еден час и веднаш ги вклучија апаратите.

„Почитувани патници,Ве известуваме дека мерките за бесплатен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници ПРЕСТАНУВА од овој момент(16,00 часот) 10.01.2018. Ви благодариме за разбирањето“, пишува во соопштението на ЈСП објавено на вебсајтот на претпријатието.

 Патници кои се наоѓале во автобусите во 16 часот знаејќи дека превозот е бесплатен, на социјалните мрежи споделуваат непријатни искуства.

 

 

Поврзани новости