Касами ги разрешил основачите на Беса од партиските функции

by fokus

Двајца од тројцата основачи на Движење Беса, Африм Гаши и Скендер Реџепи – Зејди, на 4 јануари, од страна на Биљал Касами, се разрешени од нивните функции во Одборот и Централното раководство на партијата, објави ТВ 21.

Третиот, Зеќирија Ибрахими, во знак на револт, самиот си поднесе оставка од овие позиции. На одлуката на Касами пишува дека Гаши спротивно на статутот на партијата, свикал и водел седница на Централниот одбор, а Зејди бил иницијатор на вонредниот состанок на Централниот одбор.

Во синоќешната емисија „Клик Плус“, претседателот на Беса објасни зошто не поднел оставка како што ветил во текот на кампањата. Како што вели тој,  не е одговорен за негативниот резултат на партијата на изборите.

Поврзани новости