Јавното претпријатие за државни патишта работи согласно со законска легислатива, а за градбите кои се финансирани со грантови или со заеми од меѓународните финансиски инститиции се изведуваат согласно со нивните правила и процедури, реагираат од Јавното претпријатие по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека фирма блиска на СДСМ е единствен понудувач и ги добива тендерите.
-Сите договори склучени од страна на ЈПДП се јавно достапни согласно со нашата легислатива или согласно со правилата и процедурите на меѓународните финансиски институции.
Во врска со наводите изнесени деновиве во јавноста кои се однесуваат на одредени постапки за јавни набавки направени од страна на Јавното претпријатие за државни патишта известуваме дека сите постапки што се спроведуваат се согласно со Закон и процедура, се вели во кратката реакција.