Престанете да носите вратоврски, така ќе заштедиме, порачува Санчез кој утре доаѓа во Скопје

by fokus

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ги повика владините службеници и вработените во приватниот сектор во Шпанија да ја намалат потрошувачката на електрична енергија со тоа што нема да носат вратоврски.

-Би сакал да забележите дека не носам вратоврска. Тоа значи дека сите можеме да заштедиме струја, рече Санчез на прес-конференција, на која го презентираше извештајот за работата на владата.

Тој ги повика министрите и владините претставници „да не носат вратоврска, ако тоа не е потребно”, но не објасни како со тоа се заштедува струја, но веројатно поради тоа што при топло време во затворен простор лицето се чувствува поудобно без вратоврска и помала е потребата од употреба на клима уредите.

Повеќе од еден месец времето во Шпанија е многу топло. Во некои делови од земјата температурата на воздухот надмина 40 степени, а надлежните апелираа граѓаните да не користат климатизери повеќе од потребното, за да се намалат трошоците за снабдување со електрична енергија.

Инаку Санчез е на турнеја низ Балканот, а утре треба да пристигне во Скопје.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре центарот на Скопјеќе биде под посебен сообраќен режим поради официјалната посета на премиерот на Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон.

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците, каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Поврзани новости