Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека од 1 јануари годинава граѓаните ќе добијат пониски сметки за вода, односно појаснуваат дека се намалува цената на водата за пиење и трошокот за отпадните води.
-Почнувајки од 01.01.2018 година тарифата на водните услуги се формира на предлог на Регулаторна комисија на РМ. Од трите доставени предлози за корекција на цената на водните услуги (најниска, средна и највисока) од страна на Регулаторна комисија на РМ, ЈП Водовод и канализација – Скопје до Управниот одбор на претпријатието предложи да се прифати предлогот за корекција водните услуги од најниско ниво, со кој цената која се однесува на водата за пиење и трошокот за отпадните води од досегашните 29.39 денари за м3 се намалува на 28.67 ден за м3.
Исто така ЈП Водовод и канализација – Скопје го превзема во своја надлежност одржувањето на две пречистителни станици за отпадни води на реките Лепенц и Треска, чие одржување на годишно ниво чини околу 100.000.000,00 денари. За оваа ставка ЈП Водовод и канализација – Скопје до УО на Претпријатието исто така предложи да го прифати најнискиот предлог од Регулаторна комисија на РМ кој изнесува 2.04 ден. за м3. На седницата одржана на 10.01.2018, Управниот одбор ги прифати предлозите за корекција на водните услуги од страна ЈП Водовод и канализација – Скопје и овие предлози ќе бидат доставени до Советот на Град Скопје за понатамошно разгледувње и одлучување. Сакаме да истакнеме дека и покрај наследената превработеност на претпријатието со неквалификуван кадар и големата задолженост направена од претходното раководство, жителите на градот Скопје ќе плаќаат најниска цена за вода за пиење на територијата на Република Македонија, се вели во соопштениет на ЈП „Водовод и канализација“.