19-годишна девојка се обиде да си го одземе животот поради бившиот кој ја уценувал да му се врати со компромитирачки фотографии

by fokus

19-годишна девојка од тетовското село Порој се обиде да си го одземе животот по подолго време вознеминување од нејзиниот поранешен дечко, кој и барал пари, злато и кој ја уценувал со компромитирачки фотографии.

Во вторникот таа им кажала на родителите за малтретирањето, по што испила поголема количина разновидни таблети. Како што велат од полицијата, девојката потоа била во безсознание префрлена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Нејзиниот поранешен дечко М.А. вчера бил повикан во полициска станица и со него бил извршен разговор, откако 47-годишниот татко на девојчето го пријавил случајот во полиција.

Според записникот на полицијата, нивната врска не била одобрувана од родителите на двојчето, поради што била прекината, па продолжена.

М.А. повеќе пати ја уценувал девојката дека ќе објави нивни заеднички компромитирачки фотографии доколку не биде со него. Тој барал и добил пари и златен накит. Минатата година значителен дел вратил, но продолжил да ја вознемирува и уценува.

Од полицијата велат дека работата на расчистување на случајот.

Поврзани новости