ЈП „Водовод и канализација“ преку соопштение рече дека во јуни Владата ветила дека ќе ги подмири сметките за вода за студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, но дека тоа не го направила.
-Сакаме да ја демантираме изјавата на в.д. директорот на Државниот студентски дом ‘Скопје’, Атанас Бојчев, и натписите во одредени медиуми околу долгот за вода. Министерката Рената Десковска и директорот на ДСД ‘Скопје’ лажат, како и СДСМ. Министерката уште во јуни месец вети дека Владата ќе ги подмири сметките за вода, но тоа до ден денес се нема случено. Владата на СДСМ и директорот на домот не само што немаат платено заостанати долгови од претходните години, туку немаат платено ни една сметка за вода откако седнаa на функцијата, од мај годинава, заклучно со септември и тоа ни една сметка за цели 5 месеци, се вели во соопштението.
Претходно в.д. директорот Бојчев рече дека водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ била исклучена без претходна најава.