559
Здравјето не е основ за укинување на притворот, но обвинителството се грижи за здравјето на обвинетите, изјави државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески по веста дека на Бојан Јовановски му откажал левиот бубрег.
– Здравствената состојба не е основ за укинување на притвор, но исто така ние мора да водиме сметка за здравјето на обвинетите лица, зависи какви барања ќе има од притвореното лице, обвинителството ќе даде соодветно мислење, а судот одлука – изјави Јовески.
Адвокатот на Јовановски вчера обелодени дека Јовановски е во тешка здравствена состојба и дека функционира без еден бубрег, но досега нема издадено барање од специјалист, Јовановски да биде хоспитализиран.