Јовески: Нерационално е другите обвинителства да ги добијат истрагите на СЈО

by Fokus

Државниот обвинител Љубомир Јовески за ТВ24 вели дека е нерационално решение сите постапки на СЈО кои се отворени од самото постоење да бидат предадени во неговото обвинителство, а потоа тој да ги прераспределува на други обвинители.

„Не е рационално решение, но не значи дека е неизводливо. Сепак мислам дека и во таква ситуација според надлежноста најголем дел од предметите би припаднале токму во новото обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција и не гледам друга поента за такво решение освен дека ќе се oдолговлечат постапките. Ако се што имаше како случај СЈО се префрли на други обвинителства ќе се изгуби дополнително време, месеци за тие нови обвинители да ги проучат предметите. Не верувам дека ова ќе биде прифатено, со оглед на фактот дека премногу ресурси и време се вложени во СЈО за да бидат сработени тие предмети“ – рече Јовески.

Поврзани новости