776
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека страшната несреќа на македонскиот автобус во Бугарија не може да е терористички акт.
-Слушнавте од обвинителот дека се исклучува можноста да станува збор за терористички акт. И тоа сигурно не го кажува од лични впечатоци, туку врз основа на извршена експретиза. Ако е терористички акт многу лесно се утврдува. Останува трага од експолозивот и на автобусот и на телата, вели Јовески.