Јовески ќе се сретне со бугарските истражители на местото на автобуската несреќа

by Fokus

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија.

Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов.

Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата на автопатот Струма, каде што ноќеска излета и се запали туристички автобус со македонски таблици. Во несреќата загинаа најмалку 45 лица.

Поврзани новости