Јовески: Истрагата за Саздовски продолжува, не можам да соопштам дали ќе биде проширена

by fokus

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска, на собраниска седница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека случајот за Никола Саздовски не е затворен и истражувањето продолжува.

Јовески нагласи дека во овој момент не може да каже дали истрагата ќе биде проширена.

– Ве уверувам дека за секој што ќе се утврдат криминални дејства со соодветни докази, ќе биде поднесено соодветно обвинение. И во овој момент Обвинителството постапува во овој случај, но  дали истрагата ќе биде проширена во овој момент не можам да соопштам. Тоа ќе зависи од вештањата и доказите, потенцира јавниот обвинител.

Прашањето за Саздовски го постави пратеникот Павле Богоевски.

Поврзани новости