Димитров: Мојата предност е тоа што тоа што го кажувам тука, го кажувам и зад затворени врати

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ниту денеска не доби можност пред соодветна собраниска Комисија да ја образложи својата работа, па даде изјава за медиумите.

-Денеска сум во Комисијата да ја образложам надворешната политика. Не знам дали ќе ми се даде збор и затоа сега кратко ќе се осврнам на тоа. Бевме изолирана држава без пријатели, сега сме држава на можности. Могерини рече дека сме најуспешната приказна на Европа за 2018 година. Пример сме за добрососедски односи, го затворивме прашањето со Бугарија, на добар пат сме да го затвориме прашањето со Грција, добивме покана за пристапни преговори за НАТО, добивме датум за ЕУ. За материјалите не бев известен, обично пред секоја седница материјалите се доставуваат. Спремен сум да разговарам за се, за моите ставови, бидејќи сум многу искрено влезен во овој процес. Предноста моја е тоа што го кажувам вака, го кажувам и зад затворени врати. Во заклучоците на ЕУ се бара одговорност за 27 април, се бара одговорност за индициите за криминнал кои произлегуваат од прислушуваните разговори, рече Димитров.

 

Поврзани новости