605
Обвинителството не ја чекаше оставката на Драги Рашковски за да побара негово приведување, отворивме истрага по допрен глас уште додека Рашковски се уште ја извршуваше функцијата, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески на Телма.
-После преземените предистражни мерки, Јавниот обвинител кој постапува по предметот нашол дека постојат основи за отварање истрага. Ја отвори истрагата и притоа, според негова оценка, треба да се преземат соодветни мерки кон лицето против кое се води истрагата – рече Јовески.
Тој додаде дека во овој случај на ексгенералниот секретар на Владата немало службена белешка од АНБ за можност за бегство како во случајот со бизнисменот Орце Камчев, но сепак Обвинителството побарало ефективен притвор.