Јовески: Гарантирам самостојност во постапувањето на јавните обвинители

by fokus

Новоизбраниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во својата прва изјава откако беше изгласан во Собранието, рече дека ќе работи во насока да ја зашитува законитоста и да обезбедува владеење на правото во Република Македонија. Тој подвлече дека под негово управување Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт и другите центри на моќ и ќе биде самостоен државен орган надлежен за гонење на криминал.

– Ја гарантирам самостојноста во постапувањето на јавните обвинители и инсистирам да го истражуваат и гонат криминалот и корупцијата, а своите одлуки да ги носат исклучиво врз основа на доказите и фактите што ќе се утврдат, а утврдувањето на вистината да им биде приоритетна цел – порача тој.

Јовевски кажа дека имал конктакти со СЈО и дека значително е подобрена соработката. Се уште е рано, вели да се зборува кој ќе му биде прв случај. Во свечената изјава во Собранието  се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите и оти ќе работи чесно, совесно и непристрасно. Ќе работи на враќањето на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство.

– Пред голем предизвик сме да ја вратиме загубената доверба во работата на обвинителството пред граѓаните и да се профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела – додаде тој.

Фото: МИА

Поврзани новости