Доналд Трамп го награди поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи за животно постигнување

by fokus

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи, ќе се закити со претседателската награда „За животно постигнување“ потпишана од претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп. Церемонијата за нејзино доделување ќе се одржи на 28-ми декември кога претставник од Флорида ќе му го врачи признанието на Реџепи.

Ова е прв пат лице од Македонија да ја добие оваа награда, велат од кабинетот на поглаварот.

-Се работи за награда со која им се дава признание на моите успеси во животот и доприносот што го имам дадено во сите полиња, како хуманитарноста, борбата против екстремизмот, радикализмот и исламофобијата – изјави Реџепи за „Фокус“.

Поврзани новости