Јовановски за поразот од Шкендија: И Манчестер јунајтед губел со 6-2

by fokus

Работнички доживеа висок пораз (6-2) на гостувањето кај актуелниот првак Шкендија во рамките на петтото коло од Првата лига.

Стратегот на тимот, Ѓоре Јовановскииот порача дека неговата екипа го одиграла најслабиот натпревар оваа сезона, потенцирајќи дека поразот треба да биде убава лекција за понатамошниот тек од сезоната.

„Добивме убава лекција од Шкендија. Го одигравме најслабиот натпревар оваа сезона и очигледно е дека ќе мораме да исправиме многу грешки во нашата игра. Секој фудбалер ќе треба добро да се замисли како одиграл и во иднина да се труди да биде многу подобро, секако, сето тоа вклопено во еден тимски дух. Сепак, нема да дозволиме овој пораз да не вовлече во непосакувани води и мораме веднаш да се фокусираме на следниот меч. И големи клубови како Манчестер јунајтед губеле со 6-2, а потоа станувале и шампиони. Веќе в среда не очекува првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија, кога му гостуваме на Тиквеш. Ќе се насочиме максимално на тој дуел, а во наредните дваесетина дена не очекуваат дури седум натпревари“, вели Ѓоре Јовановски за официјалниот сајт на Работнички.

ФОТО – ФК РАБОТНИЧКИ

Поврзани новости