536
Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски преку социјалните мрежи информираше дкеа и другите институции утврдиле дека ЈСП им должи над еден милион евра на приватните превозници.
„Заврши контролата на УЈП во „Слобода превоз“ и видено од записникот не се констатирани никакви неправилности, криминали , полнење приватни џебови и сл. Но, констатирано е дека ЈСП си има долг кон „Слобода превоз“ од над еден милион евра“ информира Ленин Јовановски.
При контрола на сметководствената евиденција на претпријатието утврден е вистинскиот долг на ЈСП кон „Слобода Превоз’, кој заклучно со 28.11.2022 г. изнесува 61.821.504 денари.