Јовановски: Провакациите од Стојчев не запираат, коментира дека по апсењето на Бојан кај нас дошла пола Влада

by fokus

По денешното признание на вина на Миле Јовановски, таткото на Боки 13, за физички напад на попот Виктор Стојчев, се очекува и пресудата, чија објава е закажана за 18 ноември.

Јовановски на денешното судење ја искористи можноста да каже дека првокациите од неговиот сосед Стојчев продолжувале и понатаму, па рече:

-Господинот сака многу да пишува на фејсбук. Откако е уапсен Бојан пишува дека кај мене дошла пола Влада, пола обвинителство, суд, амбасадори, рече обвинетиот Јовановски во својот завршен збор, додавајќи дека се приклучува на завршниот збор на својот бранител.

Тој сакаше да посведочи за провокациите и навредите кои наводно попот ги упатил кон неговиот син Боки 13 и тоа на големиот празник Божиќ, по што следувала физичката пресметка, но тоа право му беше ускратено поради признанието на вина, поради што не се изведуваа, ниту доказите.

Свештеникот Стојчев пак, по завршувањето на рочиштето изјави дека обвинителството има докази за тоа кој што направил, односно дека има видео снимки.

Јовановски на денешното рочиште откри дека е моментално е невработен, а кога беше прашан дали против него се води друга кривична постапка не беше сигурен.

В.В.

Поврзани новости