Продолжен мандатот на Хари Костов и Маја Стевкова Штериева за уште шест години на чело на Комерцијална банка

by Fokus

Двајца од долгогодишните директори во Комерцијална банка, Хари Костов и Маја Стевковска Штериева, добија мандат од уште шест години да бидат на кормилото на банката.

„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од денес – 24.11.2022 година продолжен е мандатот за период од шест години на постојните членови на Управниот одбор на Банката – Хари Костов, Претседател на Управниот одбор и Д-р Маја Стевкова Штериева, член на Управниот одбор“, се вели во соопштението од банката упатено преку Македонската берза до инвеститорската јавност.

Костов и Штериева се долги години на чело на најголемата македонска банка, а под нивно водство Комерцијална банка постојано остварува значајни позитивни финансиски резултати и е една од најуспешните и најпрофитабилните банкарски институции.

преземено од фактор.мк

Поврзани новости