395
Приватните превозници најавија повлекување на автобусите откако денеска премиерот Димитар Ковачевски најави средба со нив за решавање на проблемот со долгот кон нив.
Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски порача дека вистината е на нивна страна и верува во успешни преговори со премиерот Ковачевски.
„Вистината е на наша страна. Ако постои можност преку отворање на овој дијалог да се договориме и да се реши проблемот. Така овие протести ќе прекинат и автобусите да се повлечат од блокадите“, рече Јовановски.