Кај осуденик во Идризово пронајден хероин, подготвен бил да заработи и до 45.000 евра од продажба

by Fokus

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога вчера презеде мерки и активности во Казнено-поправната установа Идризово, во врска со Р.С. од село Љуботен, скопско, осуденик кој издржува казна затвор во установата.

-На 12.12.2022, користејќи поволност за дозволено користење на излез од казнено-поправната установа, при враќање во затворот Р.С. се обидел да внесе хероин, со висока чистота, спакуван во две пресувани коцки, со вкупна тежина од половина килограм, кој при претрес од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со затворската полиција на КПУ Идризово, бил пронајден и одземен. Пронајдената дрога во чиста форма би достигнала вредност од околу 8.000 евра на големо, а подготвена во пакувања за поединечна продажба и до околу 45.000 евра, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости