„Мислам дека на сите ви е веќе јасно дека огромно мнозинството од членството на ВМРО-ДПМНЕ е про-руски, словенофилски и суверенистички ориентирано, и непријателството со Русија им пречи“ пишува на социјалните мрежи Зоран Јованоски, активист на ВМРО-ДПМНЕ.
Споделувајќи фотографија со член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Ѓорѓиевски, Јованоски истакнува дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт про-руската ориентација ќе се види и кај раководството на партијата.
Јовановски исто така наведува дека Ѓорѓиевски бил про-руски ориентиран „Дугинист“ кој сака во земјава да основа огранок на организацијата ARKTOS, која е позната по објавување дела на радикални десничарски автори.
Силното про-руско влијание во опозициската ВМРО-ДПМНЕ само покажува зошто оваа партија постојано се јавува како кочничар на евроатлантскиот пат на земјава и прави се за Северна Македонија да не го продолжи патот кон Европската Унија.