Јована Митровиќ (21), студентка на Архитектонскиот факултет во Белград, веќе неколку месеци назад го привлекува вниманието на јавноста, а приказната за неа се најде во повеќе регионални медиуми.
Имено, пред шест месеци таа добила возачка дозвола за управување на камион, па секаде каде ќе се појавела со камионот натоваран со градежни материјали, станувала вистинска атракција.
Како што раскажа во емисијата ,,24 Седам”, нејзиниот татко имал градежна фирма, а таа сакала да му помогне во работата. Од мала ја интересирале камиони и багери, па кога пред шест месеци официјално станала професионален возач, започнала со редовни тури низ Белград, Нови Сад, Пожаревац… разнесувала градежен материјал, и вели дека возењето камион и било полесно отколку возењето автомобил.
-Позади воланот секогаш сум нашминкана и средена. На социјалните мрежи добивам разни коментари, а понуди за брак има на секој агол. Омажи се за мене, заедно да ја одржуваме твојата фирма, ми пишуваат, а има и такви кои на шега коментираат – Ожени се со мене.
Луѓето различно реагираат кога ќе видат дека жена вози голем камион, некои ми мавтаат со рака, други кога ќе запрам сакаат да излезам од камионот и да позборуваат со мене.
И покрај тоа што работам во фирмата на татко ми како возач на камион, сепак многу сакам да се шминкам, да се снимам за социјалните мрежи, но и сум посветена на факултетот – откри младата девојка.
Вики Клинчарова