Јотова: Не знам зошто МНР на Бугарија не реагира за нападите во Скопје

by Fokus

Синоќешните напади во Скопје ја отсликуваат политиката на Северна Македонија кон Бугарија. Без разлика дали бугарските граѓани живеат таму или доаѓаат од Софија.

Ова меѓудругото во интервју за БТВ го изјави Илијана Јотова – заменик претседателка на Бугарија.

„Не знам зошто, веќе втор ден под никаква форма не реагира нашето Министерство за надворешни работи. Има различни начини по кои тоа може да се направи, најмалку што може е да се викне амбасадорот на Македонија во Бугарија, за да дознаеме што се случило. Да добиеме одговор на сите прашања кои од синоќа си ги поставуваат и бугарските граѓани“, рече Јотова.

Таа рече дека повредениот навивач од Левски треба да биде префрлен на лекување во Софија.

„Најмалку што можевме да направиме е да се погрижиме за тоа повредено момче и да му осигураме квалитетна здравствена заштита, како што направивме и за г-дин Пендиков и што поскоро тој да се лекува тука, во Бугарија“ – додаде Јотова.

Поврзани новости