По повод реакциите на јавноста околу начинот на кој хрватската музичка дива Јосипа Лисац ја интонираше химната за време на инаугурацијата на претседателот Зоран Милановиќ, со официјална реакција во име на уметницата излегоа Кроација Рекордс и ХГУ Загреб (Хрватска глазбена унија).
-До сите медиуми и учесници во расправите на социјалните мрежи, кои веќе неколку дена неуморно расправаат за химната и изведбата на музичката дива, госпоѓа Јосипа Лисац. За жал, овде станува збор за потполно непочитување на уметничката слобода и креација на вокалистката, чиј стил го обожуваат генерации и ја гледаат како една од најголемите легенди на домашната музичка сцена.
На секој добронамерен човек му е јасно дека не се работи за никаква навреда на химната, стилот и начинот на интерпретација на Јосипа Лисац е општо познат. Оваа ситуација е доказ дека живееме во друштво во кое сериозно се разнишани основните човечки и културни вредности, како и начинот на комуникација.
По молбата на госпоѓата Лисац, сакаме да ве информираме дека таа повеќе нема да ги коментира реакциите за изведбата на химната на Република Хрватска.
Нема да ги коментира ниту предлозите за кривичната пријава, ниту било какви слични реакции на поединци, здруженија или медиуми – наведено е во соопштението.
Јосипа Лисац неодамна наполни 70 години, а е дел од сцената 53 години.
Соопштението е завршено со нејзините зборови – Се е тоа музика, а музиката или е музика, или ја нема.
Вики Клинчарова