Адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска го коментира барањето на осудената екс министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, КПУ Идризово, каде издржува казна затвор, да го промени правилникот за и жените затворенички да имаат исти права и привилегии како и мажите. Барањето доаѓа по одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација, која утврди дека Јанкуловска и затвореничките немаат исти права како затворениците, само бидејќи се жени.
„На Јанкулоска и е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, работно ангажирање и сл., погодности кои се достапни ако си осуденик -маж.
Поддршка за овој глас за борба за еднакви права на жените, независно што доаѓа од казнено-поправна установа и што има директен интерес. Борбата за рамноправност не смее да биде ограничена во својата поддршка зависно од тоа дали ни е симпатичен оној кој за истата цел се бори. Таа треба да е апсолутна во својот корен, во основата на својата идеологија.
Јанкуловска секако, уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени“, напиша адвокатката на фејсбук.