Македонскиот бизнисмен и сопственик на винаријата „Попова кула“, Јордан Трајков, е вториот кој поднесе тужба против поранешниот генерален директор на ММФ, Доминик Штрос Кан, во аферата со фондот за инвестирање ЛСК од Луксембург. Штрос Кан беше претседател на фондот ЛСК неколку месеци пред објавувањето на неговиот банкрот во ноември 2014 година.
Трајков на 5 септември 2014 година купил 8 обврзници од фондот ЛСК по цена од 50.000 евра секоја, односно инвестирал 400.000 евра. Причина поради која Трајков го тужи поранешниот директор на ММФ, како што пренесува парискиот весник „Паризиен Ожурдуи“ е „маскирање на реалноста“.
Вкупно 156 инвеститори си ги бараат назад парите кои ги вложиле во фондот ЛСК, или изразено во евра, околу 100 милиони. Адвокатот на Доминик Штрос Кан тврди дека неговиот клиент немал „операционална улога“ и дека и самиот бил измамен во оваа афера.