Полициска акција во Куманово против криумчари на мигранти

by Фокус

Од Министертсвото за внатрешни работи известија дека во тек е организирана акција за разбивање на криминална група која подолг период криумчарела мигранти. Но не даваат повеќе информации каде се спроведува акцијата, а граѓани на Куманово јавуваат дека е зголемено присуство на полицијата има во населбите каде претежно живее албанско население. Дали има повредени или приведени не се открива.

Претходно полицијата имаше иста акција во селото Ваксинце за да открие криумчари кои барале откуп за мигранти. Акциите се последица на зголемениот број мигранти кои транзитираат низ државата на пат кон Европа.

Поврзани новости